Избирачките места ширум Каталонија се затворени за гласање за независност на тој шпански регион. Полицијата на сите начини се обидува да го спречи одржувањето на референдумот.
Каталонската влада соопшти дека во нередите повредени се најмалку 460 луѓе.
Шпанската полиција заплени кутии и гласачки ливчиња на избирачките места, јавуваат западните медиуми.
Шпанската полиција употребила и гумени куршуми против демонстрантите пред гласачките места во Барселона, а неколку луѓе се повредени.
Полицајците испалиле куршуми обидувајќи се да ги оддалечат демонстрантите кои сакаа да ги спречат полициските возила со запленети гласачки материјали да се оддалечат од избирачките места.