-0.2 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Започна судењето за случајот „Тврдина 2“: На Грујовски ќе му се суди во отсуство

Започна расправата за предметот „Тврдина 2“ за незаконско уништување на опремата за прислушување, во кој првообвинет е екс шефот на УБК, Горан Грујевски кој моментално е во бегство, и шест службенички во управата.

Судијката Лидија Петровска го отврли приговорот од адвокатите на обвинетите, дека СЈО е ненадлежно за оваа постапка, бидејќи кривичното дело е извршено во јуни 2015 година. Според адвокатот на одбраната Петар Василев, СЈО не доставило ниту еден доказ, туку се потврдува ова кривично дело.

На самиот почеток од судењето, судот донесе одлука дека на Грујевски ќе му се суди во отсуство, а причина за тоа е известувањето кое СЈО го достави од МВР во судот, со кое се потврдува дека обвинетиот не е достапен за органите на прогонот.

По барање на одбраната и обвинителите, судијката повторно ја исклучи јавноста од главната расправа поради безбедноси причини и приватниот живот на обвинетите службенички во УБК. Расправата е во тек.

поврзани објави

Последни објави