15.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Крис Пол: Сакам да ги уништам Џејмс и Вејд!

Започна одбројувањето до стартот на новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот НБА, а експертите веќе започнаа да го коментираат како ќе изгледа рангирањето во истата.

Оклохома го состави триото Вестбрук – Ентони – Џорџ, Кливленд го врати тандемот Џејмс – Вејд, кој ќе има силна поддршка од Томас, а Хјустон во своите редови како засилување го донесе Крис Пол, од кого заедно со Харден се очекува да ги рушат сите противнички екипи. Токму новиот плејмејкер на „Рокетс“, Крис Пол, се најде во центарот на вниманието, откако после неговото деби во дресот на новиот клуб, изјави дека заедно со Харден, сака да го освои плеј-офот, а како главни конкуренти гледа во Кливленд.

„Сакам да им честитам на Леброн и Двејн што повторно се во ист ти, но тоа сега ми дава поголема желба да ги уништам, токму како што и тие сакаат да не уништат нас“, изјави Пол.

Оваа изјава не треба да се разбере негативно, бидејќи добро познато е дека Пол, Леброн и Вејд се долгогодишни пријатели.

поврзани објави

Последни објави