13.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Тиранската ја прифатија на локалните, софиската ќе ја прифатат на парламентарните?!

Беа денови кога во нашата мила Татковина се протестираше за унитарност и против двојазичност. Беа денови во кои народот излезе на улица (без да навлегувам, дали тоа било спонтано или организирано). Беа денови кога се држеа патриотски говори за тоа како Македонија не смее да се федерализира и не смее албанскиот јазик да стане официјален на целата територија на државата. Беа денови, ама нешто се случи после 27 април?

Тиранската платформа беше заменета од софиската. „Патриотите“ веќе имаа нова гума за џвакање, а нивните ментори имаа нова упорна точка. Старото бугарско плашило влезе повторно во употреба пред и по потпишувањето на договорот за добрососедство со соседна Бугарија. Одредени пратеници на ВМРО-ДПМНЕ (Антонио Милошоски, Илија Димовски, Зоран Илијоски и др) се натптреваруваа од собраниската говорница да не враќаат во времето кога Киро Глигоров говореше за „политиката на еквидистанца кон соседите“, со вокабулар сличен на оној што бил актуелен во најсилните години на вештачката творба Југославија.

Имаше моменти во кои да се чудиш кој зборува на говорницата, дали тоа е ВМРО-вец или комунист од времето на самоуправувањето и летувањата на Јадранското море. Станавме сведоци како се трансферираа не луѓе туку цели идеи. „Србоманите“ и „Југоносталгичарите“ од СДСМ се приближија кон Софија, а пак „бугарашите“ од ВМРО-ДПМНЕ се фатија за белградскиот воз. Чудни промени настанаа.

Муабетот за можната федерализација на Македонија, беше зачинет со промената на учебниците по историја (посебно во најболната тема, а имено бугарскиот фашистички окупатор, кој нели ги заменил нашите мили браќа Србите, кои овде не правеле ништо лошо само колонизирале и се бореле против бугарските бандити на ВМРО-Автономистичка). Потоа следеше и фамата за мигрантите, кои наместо да отидат на запад ќе останеле овде за да се вработат во фабриките од типот на Дрекселмаер и Гентерм. Но за тоа во некоја друга прилика. Сега да се вратам на платформите.

Македонија се наоѓа во предизборна кампања. Секој глас е од значење. Довчерашните противници на двојазичноста во Македонија се свесни за тоа и поради таа причина онака широкоградо изработија предизборен(ни) билборд(и) само на еден јазик (албански) за да се борат и за албанските гласови. Одеднаш тиранската платформа веќе и не е толку страшна. Изгледа софиската е далеку поопасна. Ако тоа е така значи едната од платформите ќе биде допуштена како „неопходно зло“. Ќе биде прифатена, а можеби и веќе е прифатена. Се очекува следниот чекор… Овде се појавуваат и неколку многу важни прашања.

После прифаќањето на Албанската платформа, дали е наред и прифаќањето на Софиската платформа…Дали ќе дојде денот кога Антонио Милошевски Илија Димовски ќе ги извадат сликите од младоста ??? Дали тоа нема да се случи за време на предизборната кампања на следните парламентарни избори?

Пишува: Батко Тане

поврзани објави

Последни објави