21.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Богоев: Ќе го заштитиме и надоградиме зеленилото во Карпош (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на СДСМ, Стефан Богоев, денес во изјава за медиумите најави голем парк, кој ќе биде изграден од Скејт Паркот до бунарите за вода, долж кејот на реката Вардар, паралелно со Карпош 4.

„Овој парк ќе има разни спортски и рекреативни содржини и ќе биде ставен целосно во функција на граѓаните на Карпош 4, Карпош 3, Злокуќани, Влае 1 и останатите населби. Овој парк планираме да биде поврзан и со пешачки премин кој ќе оди над улицата „Илинденска” за да можат граѓаните од Карпош 4 безбедно да пристугнуваат во паркот. Паркот ќе биде поврзан и со мостот „Газела”, со другата страна на Вардар, односно со делот од Карпош кај Злокуќани. А, граѓаните на Влае, Карпош 3, Карпош 2, Карпош 1 ќе можат лесно да пристигнат во паркот по патеката на Кејот која веќе постои“, изјави Богоев.

Тој најави дека се обврзува целосно да го заштити постојното зеленило, а дополнително преку вакви слични проекти да го зголеми зеленилото во општина Карпош.

поврзани објави

Последни објави