25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Министерство за култура: Наградата „23 Октомври“ блокирана од ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за култура ја информираше јавноста дека оваа година Државната награда „23 Октомври“ нема да биде доделена поради блокадата на собраниската комисија за избори и именувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ навреме не е избран Одборот за доделување на наградата.

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека поради блокирањето на собраниската комисија за избори и именувања од страна на партијата ВМРО-ДПМНЕ и ненавремено спроведување на изборот на Одборот за доделување на наградата во Собранието на Република Македонија и другите постапки поврзани со распишувањето на конкурсот, годинава не може да се додели Државната награда „23 Октомври“ во 2017 година.

Имено, наградата ја доделува Одборот за доделување на Државната награда “23 Октомври”, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата, според Законот за државните награди. Собранието на Република Македонија донесе Одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на 16.2.2015 година, со мандат од две (2) години. Мандатот на претходниот Одбор заврши на 16 февруари 2017 година.

Врз основа на истиот закон, Министерството за култура како носител на стручните и административните работи ја покренува иницијативата за именување на нов состав на Одборот (претседател и 12 членови). Заради навремено реализирање на постапката за доделување на наградата: рокот за распишување на конкурсот (април), поднесување на иницијативи и формирање на стручни комисии и тела, Министерството за култура (Одделение за државни награди) покрена иницијатива за благовремено именување на нов состав на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“.

Со оглед на тоа дека Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на РМ во тој период не беше формирана, Одделението за доделување на државни награди бараше мислење од Министерството за правда  и од Антикорупциската комисија за тоа дали тогашниот одбор за државната награда „23 Октомври“, на кој мандатот им престана на 16 февруари, може да ја продолжи својата работа, сè до именување на нови членови. Од обете институции (Министерството за правда и Антикорупциска комисија) се доби одговор дека не се надлежни во врска со ова прашање.

Новата Влада на Република Македонија беше именувана на 30 мај 2017 година, а поради претходната блокада на собраниските комисии од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, веќе беа пробиени законските рокови и за конкурсот (конкурсот трае од 1 до 30 април) и за донесување Одлука. Поради сите наведени причини, оваа година нема законски можности за доделување на Државната наградата “23 Октомври”.

поврзани објави

     

Последни објави