Пожарот кој синоќа избувна во близина на врвот Добра Вода во Кичево, е целосно изгаснат, информираат од општината.
Во интервенцијата за гаснење на пожарот биле вклучени Противпожарната единица на Кичево и Јавното шумско претпријатие „Лопушник“.
Како што велат од општината, припадници на ППЕ Кичево и понатаму ќе го следат местото на настанот и ќе дежураат на терен. Причините за пожарот се уште не се познати.