21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Неизвесност во Каталонија: Пучдемон најави независност, Шпанија не ги признава резултатите

Продолжува драмата околу референдумот во Каталонија. Шпанскиот суд и понатаму гони каталонски функционери, а прв на мета е шефот на каталонската полиција, кој се гони за „поттикнување на бунт“.

Неизвесната ситуација продолжува, одкако шпанската влада одлучи дека останува на ставот дека нема намера да ги признае резултатите од крвавиот референдум. Карлес Пучдемон, претседателот на Каталонија, најави дека во следните неколку дена ќе прогласи независност на Каталонија.

Европскиот парламент отвори дебата по оваа тема, но под услов да не се разговара за полициската бруталност од страна на шпанската полиција, кога на денот на референдумот беа повредени околу 1000 граѓани.

поврзани објави

     

Последни објави