Фантастичниот напаѓач на Челси, Алваро Мората, претрпе повреда поради која ќе треба да биде надвор од терените повеќе од еден месец. Веста ја шокираше управата и навивачите на Челси, но сепак тоа и не беше така лоша вест за белгискиот напаѓач Мичу Бачуаји, кој е единствениот класичен напаѓач со кој располага Челси во моментот.
„Звучи чудно што ќе го кажам ова, но секоја туѓа несреќа е нечија среќа“, изјави Бачуаји, и додаде:
„Знам дека после повредата на Мората ќе добијам повеќе време за играње. Сега е на мене да покажам што знам. Знам дека Конте ми верува, инаку веќе одамна немаше да бидам член на клубот. Ова е голема шанса за мене и морам да бидам фокусиран. Јас сум ефикасен напаѓач, а не џокер од клупа“, вели белгиецот.
Бачуаји оваа сезона настапи на 8 натпревари за „Сините“ и запиша 5 погодоци.