Претседателот на Баерн Ули Хенес денес изјави дека управата на клубот веќе донела одлука околу тоа кој ќе биде наследникот на Анџелоти на клупата на Баварците.
Хенес за новинарите изјави дека одлуката му ја соопштил и на Пеп Гвардиола, поранешниот тренер на Баерн, кој се сложил со изборот на новиот тренер.
Германските медиуми веднаш започнаа да погодуваат за кој станува збор, а покрај Ван Гал, се споменуваат имињата на поранешните тренери на Дортмунд и Барселона, Томас Тухел, односно Луис Енрике.
Екипата на Баерн моментално ја води Вили Сањол, како привремено решение.
Под негово водство Баерн одигра 2:2 со Херта и го врза веќе третиот натпревар без победа, после ремито со Волфзбург и поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите.
Извор: www.kajgana.com