0.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Невада-државата во која можете да си купите митралез on-line

Од супермаркет или онлајн продавница во САД можете да си купите многу работи за кои не ви е потребна посебна дозвола. Во државата Невада можете да си купите и огнено оружје.

Нема забрана за купување дури за приглушувачи и оружја до 50 калибар сè додека тие се купуваат со дозвола на федералните власти. Можете дури да си купите и митралез, ако е произведен до 1986 година и е регистриран од федералната влада.

Пукањето во Лас Вегас, во кое загинаа најмалку 59 лица, а повеќе од 520 беа повредени, повторно ја покрена дебатата за построга регулатива на трговијата со оружје.

Според статистичките податоци, повеќе од 10.000 луѓе во САД умираат секоја година во случај на напад со огнено оружје.

Наспроти ова, либералните закони што се применуваат во државата Невада стануваат предмет на сè пожестоки дискусии што ги делат коментаторите во два табора. Едната група инсистира на правото на слободна трговија и поседување на огнено оружје, особено за самоодбрана и зачувување на приватната сопственост.

Другата група тврди дека прописите треба да бидат далеку построги. Во 1994 година беше донесена целосна забрана за поседување на огнено оружје, но 10 години подоцна таа беше укината.

Амандманите усвоени од Сенатот во 2016 година бараат да се најде компромис меѓу овие две мислења.

 

Во домот на стрелецот Стивен Паддок биле пронајдени 23 парчиња огнено оружје, од кои повеќето биле пушки и пиштоли. Според истражувачите, сосема е можно секое од овие оружја да било купено според законските прописи.

Според ФБИ, едно од пет американски оружја се продава без потребната проверка на купувачот, особено ако се работи за онлајн продажба.

За разлика од Невада, државите Каролина и Масачусетс, целосно ја забрануваат продажбата на автоматско и полуавтоматско оружје, освен за полициска и воена обука.

Застапниците на законското поседување на оружје тврдат дека насилните луѓе како Паддок ќе добијат оружје без оглед на прописите.

Дон Тарнер, претседател на Коалицијата за огнено оружје во Невада, додава дека во Невада експлозивните направи се целосно забранети, но и покрај тоа во домот на Паддок биле пронајдени експлозивни направи. Ова според Тарнер покажува дека понекогаш дури и строгите закони се немоќни.

 

поврзани објави

Последни објави