Ако претпоставиме дека претседателот на САД, Доналд Трамп и шефот на американската дипломатијата Рекс Тилерсон ја играат „представата“ за “добриот и лошиот полицаец” пред Северна Кореја, изгледа дека тоа не дава резултат. Дипломатските потфати не доведуваат до значајни преговори, а воените закани не успеваат да го убеди Пјонгјанг да се откаже од развојот на својата нуклеарна програма.
Наместо тоа овие измешани сигнали од Америка можат да го зголемуваат ризикот од погрешна проценка од страна на изолираната комунистистичка влада која не е свесна за начинот на размислување на администрацијата на Трамп и може да се збуни.
Иако отворен воен конфликт на САД со Северна Кореја ќе донесе со себе катастрофални последици за Јужна Кореја, Трамп се заканува со воена интервенција и на моменти дава апокалиптични описи на она што ја чека Северна Кореја, ако таа не ги прекине нуклеарните и ракетните тестови. Северна Кореја веќе истрела интерконтинентални балистички проектили, кои хипотетички можат да го достигнат копното на САД, а пред еден месец го изведе својот најмоќен подземен нуклеарен обид. Таа се закани дека ќе тестира нуклеарна бомба над Тихиот океан.
И покрај сите овие закани сепак американско-севернокорејската дипломатија опстанува на некакво ниво.
Минатиот викенд во Кина, Тилерсон изјави дека има шанса за нов дипломатски напор меѓу двете земји и призна дека се пак меѓу Вашингтон и Северна Кореја постојат канали за комуникација.
Неколку часа подоцна, Трамп ја коментираше изјавата на Тилерсон.
„Му реков на нашиот прекрасен државен секретар Рекс Тилърсън дека си го губи времето, обидувајќи се да преговара со човекот Ракета”, напиша Трамп на Твитер во неделата.
Блиски до Тилерсон официјални лица сепак инсистираат на тоа дека двајцата делуваат усогласено и дека Трамп едноставно испраќа порака на Северна Кореја дека треба да покаже сериозност ако сака дипломатски преговори.
Вчера портпаролот на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс го зацврсти впечатокот дека за Белата куќа дипломатијата нема да донесе резултат. Единствените разговори кои САД имаат намера да водат со Северна Кореја, се за судбината на тројца приведени таму Американци, рече таа.
Улогата на „лошиот“ џандар, што ја толкува Трамп може да предизвика акција од страна на Кина, традиционален дипломатски бранител и главен трговски партнер на Северна Кореја. Пекинг ги поддржа новите жестоки санкции на ОН против главните извори на приход ( за програмите за оружје) на својот сојузник. Мерките вклучуваат забрана на извозот на севернокорејски јаглен, железна руда и текстилни производи и воведуваат нови ограничувања на исклучително важните испораки на сурови и преработени нафтени производи.
Таквиот економски притисок, сепак не успеа да ја натера Владата на Ким дури да го намали темпото на развој на својата нуклеарна програма, која наскоро е возможно да ја стави целата територија на САД во дострелот на своите ракетите.
Улогата на Тилерсон како „добриот полицаец“ не е којзнае колку поефикасна. Северна Кореја вели дека нема да покаже никаков интерес кон дипломатијата, ако САД не се откажат од својата „непријателска политика“.
За време на средбите во Пекинг, Кинезите го убедиле Тилерсон дека ќе ги применат санкциите на ОН и ќе им наредат на локални власти на границата со Северна Кореја да ги казнуваат оние кои вршат забранети активности, рече запознат со разговорите претставник на Стејт департментот. Кина сака Северна Кореја да ги прекине нуклеарните и ракетните тестови. Официјалниот извор побара да остане анонимен, бидејќи не му е дозволено јавно да дискутира на оваа тема.
Мала е веројатноста дека играта „добар и лош полицаец“ ќе има резултат, рече поранешниот вработен во Стејт департментот Еванс Ривиер, кој минатиот месец во Швајцарија учествуваше во неформални разговори со севернокорејските официјални претставници. Северна Кореја сака да разговара со Вашингтон како „една нуклеарна сила со друга“, рече тој.
По материјали од светските медиуми












