„За време на мојот мандат како градоначалник на општина Центар ќе направиме да стане спортски центар во Република Македонија“, вели Саша Богдановиќ, кандидатот за Центар од СДСМ.
Тој најави и изградба на нови спортски комплекси за развој на спортот.
„Со изградба на игралишта и нови спортски објекти ќе придонесеме за развој на спортот“, додаде Богдановиќ.
Пратеникот во Собранието на Република Македонија, Павле Богоевски, повика на излезеност за време на изборите.
„Да ги победиме 100:0 за да ги завршиме промените“, повика Богоевски.