Борбата за Рос Баркли ќе биде продолжена во текот на зимата, кога Челзи и Тотенхем ќе се обидат да се засилат со играчот од средниот ред на Евертон.
Според “Дејли мејл”, двата клуба во Лондон се надеваат дека ќе излезе доста поевтино за нив, иако сепак ќе чини околу 15-20 милиони фунти.
Меѓутоа, во текот на летото, „Карамелите“ бараа најмалку 40 милиони евра, што не можеше да се добие, затоа што неговиот договор истекува на крајот од сезоната, па тогаш тој ќе биде слободен играч.
Сините од Западен Лондон понудија 35 милиони за него, кои им беа одбиени, за што се смета дека самиот фудбалер сака да отиде кај Тотенхем, каде ќе се приклучи на јадрото на тимот од млади Англичани како Хари Кејн, Деле Али и Ерик Даер.
Малку е веројатно дека Баркли да потпише нов договор со Евертон, откако одби по 100 000 фунти неделно и затоа очекувањата се во јануари Евертон да немаат особено голем избор и да се разделат со него.