14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ водеше правична и транспарентна политика на доделување на земјоделско земјиште

ВМРО-ДПМНЕ водеше правична и транспарентна политика на доделување на земјоделско земјиште во изминатите 11 години, беше речено на денешната трибина „Отворено со Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Коњановски истакна дека во 2006 година во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имало само 411 договори за распределба на земјиште.

„Тие беа доделени на компании, лица кои управуваа со целокупното земјоделско земјиште. Од една состојба која ја наследивме само 411 договори, оставивме состојба на реализирани 11.000 договори за доделување на земјоделско земјиште. Ете таа е разликата во политиките на ВМРО-ДПМНЕ во однос кон вредните земјоделци“, посочи Коњановски.

 Тони Заткоски нагласи дека општина Кривогаштани доживеала ренесанса во однос на земјоделството за времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

„Таа земјишна политика која ја водеше ВМРО-ДПМНЕ направи многу за нашите земјоделци, посебно за општина која е позната по производство на земјоделските производи од типот на пиперката, тутунот и повеќе други земјоделски култури. Последниве години пиперката достигна бројка од 15.000 тони што значи дека тоа е еден своевиден рекорд во изминатите години во нашата општина“, подвлече Затковки.

Рече дека поради тоа биле отворени 10 откупни пунктови за откуп на земјоделски производи.

Земјоделецот Јован Тозиевски истакна дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ, доделувањето на земјоделско земјиште, како и на приклучната механизација било изведено на најтранпарентен начин.

„Сега слушаме во една кампања, каде што се злоупотребуваат и се поигрува со свеста на земјоделците, се пласира една теза дека субвенциите ќе завршеле во правите раце. Ве уверувам дека тоа се случуваше во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во континуитет сите години“, нагласи Тозиевски

Додаде дека во Ресен и Преспа доделени се 860 хектари земјоделско земјиште , како и дека на 700 хектари се подигнати нови насади.

Драги Димитриевски истакна дека во минатото земјиште се доделувало на лица кои не ни биле заинтересирани да ја работат таа земја.

„Го преиздаваа и на тој начин голем дел од нив заработуваа средства“, рече Димитриевски.

поврзани објави

Последни објави