2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ОФИЦИЈАЛНО: Објавени конечните резултати од референдумот во Каталонија

Регионалната влада на Каталонија  ги објави конечните резултати од референдумот за независнот според кои 90,18 % од излезените гласале за одвојување од Шпанија.

На референдумот гласале 2.286.217 луѓе од вкупно 5,3 милиони жители со право на глас во Каталонија. За отцепување гласале 2.044.038 гласачи.

Од податоците објавени на Твитер профилот на владата на Каталонија исто така може да де види дека 7,83% или 177.544 гласале против независноста.

Од Мадрид и понатаму не го признаваат референдумот кој го прогласија за неуставен.

поврзани објави

Последни објави