4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски: Македонија влезе во рецесија

Економијата оди надолу. Многу сериозно истакнувам и така сакам да бидам сфатен дека овие штетни економски политики водат кон сериозни ризици и далекусежни последици, и затоа мора да запрат и тоа што побргу, истакна на денешниот митинг во Крушево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Расходите за капитални инвестиции се преполовени. Во првите 5 месеци од годината и тоа во многу полоша ситуација и во период кога функционираше техничка влада, на месечно ниво во капитални инвестиции од буџетот се инвестираа во просек по 25 милиони евра. Откога се овие некадарни луѓе во владата, во јуни, јули и август, капиталните инвестиции во просек месечно  изнесуваат по скромни 14 милиони евра, посочи Груевски, додавајќи дека тоа е најголемата причина за економскиот пад.

Појасни дека со вака преполовени капитални инвестиции паѓа и градежнишството кое мотор на растот на Бруто домашниот производ.

А кога паѓа градежништвото со него паѓаат и уште 25 индустриски гранки, кои се поврзани со него. И ако порано на секои два дена слушавме добри вести во економијата, денес секој ден слушаме лоши. Како извозот паѓа, колку индустриското производство оди надоле, како платите опаѓаат, Бруто домашниот промет опаѓа. Жива странска инвестиција не доаѓа, а тие што се тука размислуваат да си заминат. Рекетот се врати по улиците, криминалот длабоко навлегува во секоја пора во општеството. Граѓаните не се сигурни, нагласи Груевски.

поврзани објави

Последни објави