Состојки:
– 85 гр. путер
– 145 гр. кафеав шеќер
– 50 гр. бел шеќер
– 1 јајце + 1 жолчка
– 180 мл. црвено вино
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 135 гр. брашно
– 40 гр. какао во прав
– 1/8 лажичка сода
– 1/2 лажичка лажичка прашок за пециво
– 1/4 лажичка сол
– 1/4 лажичка цимет во прав
Фил:
– 1/2 чаша маскарпоне
– 120 гр. блага павлака
– 25 гр. шеќер
– 1/4 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 160 степени. Ставете хартија за печење врз тава со обем 20 цм и премачкајте ја со масло. Измешајте го путерот со миксер а потоа додадете го и шеќерот. Мешајте околу три минути па додадете ги јајцето, жолчката, виното и ванилата. Откако ќе добиете хомогена смеса ставете ги брашното, какаото, содата, прашокот за пециво, циметот и солта. Измешајте ја смесата со лажица и ставете ја во тавата. Печете 25-30 минути. Откако тестото ќе биде готово оставете го да се излади па по желба можете да ставите шеќер во прав врз него.
Фил: Со помош на миксер измешајте ги маскарпонето, павлаката, шеќерот и ванилата. Кога ќе биде готов филот декорирајте ја тортата.
На здравје!