Министерството за внатрешни работи на Македонија (МВР) соопшти дека во текот на вчерашниот ден од слобода се лишени двајца странските државјани, еден од Албанија и еден од Србија.
И двајцата се приведени на Граничниот премин – Табановце, едниот при обид за излез, а другиот при обид за влез.
На 06.10.2017 година во 21.55 часот на На 06.10.2017 година во 21.55 часот на Граничниот премин – Табановце, при пасошка контрола на К.И. (31) од Република Албанија на излез од Република Македонија, којшто патувал со албанска патна исправа, полицискиот службеник забележал дека на третата страница од патната исправа има механичко бришење на штембил за влез во Република Грција. Исто така и излезниот штембил за остварен излез од Република Грција на третата страница не соодејствува со оригиналот, односно отстапувал од изгледот на оригинален штембил. К.И. е приведен и предаден во СВР-Куманово за понатамошна постапка.
На 06.10.2017 година во 16,50 часот на Граничниот премин -Табановце нa влез во Република Македонија, од страна на униформиран полициски службеник приведен е С. К. (50) од Република Србија, со српска лична карта, кој пристигнал со патничко возило “Мерцедес“ со српски регистерски ознаки. Имено, при вршење на дополнителна контрола над возилото, утврдено е дека постои сомнеж за промена, односно фалсификат на ВИН бројот на “мерцедесот“. С.К. и возилото се предадени на полициски службеници од СВР- Куманово за понатамошна постапка., при пасошка контрола на К.И. (31) од Република Албанија на излез од Република Македонија, којшто патувал со албанска патна исправа, полицискиот службеник забележал дека на третата страница од патната исправа има механичко бришење на штембил за влез во Република Грција. Исто така и излезниот штембил за остварен излез од Република Грција на третата страница не соодејствува со оригиналот, односно отстапувал од изгледот на оригинален штембил. К.И. е приведен и предаден во СВР-Куманово за понатамошна постапка.