6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Министрите наместо на работа се во партиски штабови и користат државни ресурси наместо сопствени возила

„Евидентна е паниката и стравот од пораз во СДС.

Нервозата поради поразот ја покриваат со наместени анкети и вршат масовни злоупотреби на државните ресурси во изборната трка. Тоа значи дека се нелагодни и знаат дека ја немаат поддршката од граѓаните.

Спротивно на закон министрите наместо на работа за што се платени од граѓаните и земаат плата, тие се во партиските штабови на СДС. Наместо со сопствени возила тие користат државни ресурси.

Дополнително продолжуваат со политичката хајка, паниката и стравот од пораз која се затскрива со измислени кривични пријави против градоначалници.

Власта покажува неспособност да менаџира со процесот на избори. Секој ден паниката е се поголема во редовите на СДС затоа се ближи поразот од граѓаните.

Останаа уште неколку дена до моментот кога граѓаните со пенкало во рака ќе се изборат за Новата ера во Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави