Претседателот на МБП Петар Колев на својот ФБ профил реагира на последните активности со кои се шири злоба и антибугарска реторика, односно распрснувањето на летоци низ главниот град на државата, со цел да се дискредитира СДСМ дека работат за бугаризирање на македонскиот народ.
ФБ статусот на Колев ви го пренесуваме во целост.
Во последните денови некако тенденциозно се зголемува интензитетот на антибугарската реторика на Никола Груевски. Не знам кој од ПР тимот го посоветувал дека ширејки омраза, злоба и манипулации ќе си го подобри рејтингот? Г-дин Груевски ништо убаво и градивно во светот не се случило низ призмата на омразата, верувајте и вие ништо нема да создадете во таква атмосфера. Ако има барем еден пример во кој со омраза, злоба и негативизам се случило нешто убаво, тогаш и за вас има шанса. Жално е тоа што точно лидерот на партија со предзнак ВМРО, кое имало еден единствен задгарничен комитет и представници точно во Софија и никаде на друго место, денеска толку злобно се однесува кон официална Софија. Само ќе ви спомнам еден момент. После востанието и балканските војни стотици илјади луѓе од Македонија како бегалци отидоа во Бугарија. Бугарската држава ги прибра како свои, а вие денеска со вашата реторика не потикнувате да се мразиме. Тие луѓе г-дине Груевски се моите, вашите и на сите нас братучеди. Илјадници се граѓаните на Р. Македонија кои имаат свои роднини во Бугарија. Брат, брата не рани но тешко му кој го нема!
П.С. После да не се чудиме зошто не сакаат да ве видат, абе добар ден да нејкат да ви кажат! Цитат:Б.Б.