4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Не се сите градоначалници и кандидати за нов мандат сиромашни

Тоа тврдење го докажува имено анкетниот имотен лист на градоначалникот на општина Кочани и кандидат за уште еден мандат Ратко Димитровски. Според податоците за неговата имотна состојба, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ тежи околу 3,5 милиони евра. Според анализата на порталот „Мојот избор“ (www.mojotizbor.mk), Ратко Димитровски е најбогатиот кандидат за градоначалник од сите што ќе истрчаат на претстојните избори. На второто место се наоѓа кандидатот на ДУИ  за Желино, Фатмир Изаири со 110 милиони денари, а трет е Енвер Пајазити за Брвеница со 90 милиони денари. Како сиромашен не може да се определи ниту кандидатот на СДСМ за град Скопје г-нот Петре Шилегов кој располага со имот во вредност од 78 милиони денари.
Интересно е да се напомене дека најбогатите десетмина кандидати за градоначалници располагаат со вкупен имот од речиси 14 милиони евра.

поврзани објави

Последни објави