Тогаш, кога неговиот подвиг нема да биде гледан низ призмата на српската и југословенската идеолошка матрица.
Тогаш, кога ќе се научиме дека не зборовите, а делата се тоа што треба да се цени.
Тогаш, кога етничката припадност Бугарин нема да се смета за навреда.
Тогаш, кога ќе сфатиме дека за тоа парче земја гинеле луѓе, кои без страв влегувале во огнот на светото дело.
Тогаш, кога ќе прекинеме да ја толкуваме историјата, како што нам ни одговара, туку ќе се соочиме со „голите“ факти.
Тогаш, кога „слободните состави“ на одредени „научници“, веќе нема да се разгледуваат како научни трудови, туку како „уметнички“ дела, создадени со една единствена цел, да бидат синхронизирани со моменталната идеолошка насоченост на власта.
Тогаш кога ќе разбереме, што значи навистина слоганот „Всичко за Македонија“.
Тогаш, кога Македонија ќе стапне на здрави македонски нозе и нема да чека амин од страна за да биде своја на своето.
Тогаш кога од Македончиња ќе се претвориме во Македонци!!!
Пишува: Батко Тане