10.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

И Адидас дигна раце од Милан

Иако Милан ова лето купи многу нови играчи почетокот на сезоната не беше баш ветувачки за навивачите од клубот од Сан Сиро.

Росоњерите не стартуваа баш најдобро во новата сезона во Серија А иако навивачите очекуваа многу подобри резултати. Милан ова лето донесе мнгоу звучни имиња од фудбалскиот свет, но јасно е дека ништо не може да се промени преку ноќ и се чини дека на Сан Сиро постојат уште многу проблеми.

Иако кинеските тајкуни пред неколку месеци го купија овој клуб веќе се погласни се шпекулациите дека би можеле да го напуштат овој клуб. За работата за росоњерите да биде уште полоша од клубот дигна раце и Адидас кој веќе 20 години е спонзор на италијанскиот великан.

Како што пренесуваат медиумите од Италија челните луѓе на Адидас одлучиле на крајот на оваа сезона да ја прекинат соработката со Милан иако имаат договор до 2023. година.

поврзани објави

Последни објави