Шпанскиот тим минатата ноќ освои три бода во мечот против Израел (1: 0) во последниот квалификациски натпревар за Светското првенство. Црвената фурија успеа да се пласира директно на СП, што ќе се игра во Русија следното лето. Сепак, натпреварот против Израелците можеше да биде фатален за шпанскиот играч Иско. Имено, на крајот од натпреварот, околу шестмина домашни навивачи се упатиле кон играчот од средниот ред на Шпанија. Сепак, израелската полиција успеала да реагира многу брзо и наводно да ја спречи трагедијата. Како што објавија шпанските медиуми, еден од фановите на Израел имал нож што го оставил пред да стигне до Иско. „ Се работи за тинејџери и тие веднаш беа уапсени, а ние се уште не знаеме дали нивната цел била да му наштетат на било кој од играчите на Шпанија. Тоа ќе биде познато по нашата истрага”. Постојат многу шпекулации но ние треба да извршиме детална проверка” соопшти израелската полиција.