„Во изминатиот период од 5 месеци видовме катастрофална економска политика од владата. Имаме преполовени капитални инвестиции од буџетот. Индустрија која оди надоле, градежништво кое е уништено.Странски инвеститори кои размислуваат да заминат, а нови нема. Извоз кој опаѓа, девизни резерви кои секој ден се топат. Просечни плати кои наместо да растат опаѓаат. Пензии чие зголемување е укинато, субвенции за земјоделци кои ќе ги нема. Трошоци на живот кои секојдневно растат. Само во септември тие пораснале за 1,7 процент, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4,1 процент. Ова е сликата за денес. Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си ги делат на луѓето од власта. Ветуваат воздух и живот, ама така апстрактно, не суштински, баш како ветар и магла“посочува Груевски.
Обраќајќи им се на оние кои гласаат за СДСМ, Груевски ги повика да му се придружат на ВМРО-ДПМНЕ и напорите за обединување со цел посилна Македонија.
„Лицето кое е претседател на СДС не вреди, заслужувате подобро. Овој човек не е загрижен за намалување на невработеноста, за развојот и напредокот на нашите градови и општини, за обезбедување на среќата и спокојството на вашите семејства. Не е загрижен за земјоделците, работниците, невработените. Тој ги нема сите во својата агенда. Тој нема љубов кон знамето и татковината“, вели Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Заев добро знае дека нема капацитет и способност да превземе одговорност за она што треба да го направи и да го надгради она што тие досега го изградиле.
“Тој нема храброст да ги реализира сите решенија и проекти што ги замислуваме за нашата земја. Тој воопшто не може да ја оствари визијата и соништата што ги подготвуваме за Македонија. Дури и соништата на овој човек не можат да нѐ стигнат, дури и неговите соништа се зад она што реално го нудиме. Тој е празен. Неговиот капацитет, неговата визија, не се доволни да го направат она што можеме ние да го направиме. Не може да ја сокријат вистината, нивната неспособноста, недостатокот на визија, недостатокот на соништа, реалните проекти и работата“ нагласи Груевски.
Тој нагласи дека локалните избори се можноста кога граѓаните ќе можат да му одржат лекција на Заев, која ја заслужува.