Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, во чест на денешниот празник и нашите заложби за рушење на ѕидовите и градење мостови помеѓу луѓето, сакам да кажам дека СЛОБОДА не е само слобода на движење, туку и слобода на изразување и говор.
Затоа ја користам оваа прилика да ги повикам ЈАВНО носителите на советничките листи од политичките партии, да изберат време и место за ДЕБАТА, каде што ќе ги судриме нашите аргументи, заложби и идеи.
Да покажеме повисоко ниво на ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ, а ЈАВНОСТА да има можност за поквалитетен суд за локалните избори. Се надевам дека барем еден, а очекувам и двајцата кандидати да ја прифатат поканата и заедно со помош на медиумите, организираме овој настан.
Дебата е потребна за подигање на свеста и моралот кај сите во општеството, каде што ќе се постават вистински стандарди и секој оној кој што нема да ги почитува ќе биде остро осуден од јавноста.
Венко Крстевски – Носител на независна листа за членови на совет на група избирачи „Независна листа на младите за Кочани“
https://www.facebook.com/mladitezakochani/?ref=br_rs