4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Груевски: СДСМ само зборуваат, ние делуваме и создаваме

Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  на вечерашниот митинг кој Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува во Делчево истакна дека има уште само неколку дена до изборите на 15 октомври, до победата во Делчево. Вашата одлука, им се обрати Груевски на присутните е многу важна – не е само, уште една обична одлука.

Тој посочи дека не се гласа само за градоначалници, советници, туку сите заедно одлучуваат каква ќе биде Македонија по 15-ти октомври.

„Каква држава ќе имаме и по кој пат ќе се движиме. Вие ја носите конечната одлука, вие го имате последниот збор.Изборот е очигледен, тие се занимаваат со обвинувања, клеветења, црна пропаганда, а говориме за решенија и за проекти, за она што ќе се направи. Тие говорат за воздух, ветер и магла, а ние зборуваме за програма со конкретни рокови и план на реализација“ вели Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека СДСМ покажувале дека немаат стратегија за економија, а тие кажуваат дека ја имаат новата ера со која Македонија ќе оди напред.

“Тие создаваат клима на бркање на инвеститорите и затворање на фабрики, ние работиме и говориме за нови работни места. Тие говорат за зголемување на даноци, ние за намалување. Тие само зборуваат, но ние делуваме и создаваме“нагласи тој.

Груевски рече дека СДСМ се обидува да го засили помрачувањето кое силно се чувствува во Македонија, но дека тие ја носат светлината која и треба на Македонија.

„Време е. 15 е одговорот на помрачувањето. На 15-ти пуштете ја светлината. Светлината ќе ја донесете вие народот на Македонија. Во ваши раце е одлуката, ќе одберете светлина која и е потреба на нашата земја. Светлината ќе ја донесат земјоделците кои се обесправени, работниците чии плати се намалуваат, невработените чии шанси за работа постојано се намалуваат, лекарите кои се уште не ги добија покачените плати, младите кои ги излажаа градежниците чија работа се уништува, просветните работници чии часови ќе ги кратат. Одлуката се носи на 15 октомври. Пуштете ја светлината, потребно е помрачувањето кое го донесоа да се победи“ истакна Груевски.

Тој посочи дека нема економски податок кој е добар за Македонија од 1 јули па наваму. Груевски додаде дека износот кој се потрошил за 4 месеци со кој се намалиле девизните резерви е 180 милиони долари.

„ Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си ги делат на луѓето од власта. Колата тргна надоле. Ова допира и влијае на сите граѓани. Ова се однесува на судбината на секој од вас. Се работи за нашата држава“ за крај кажа Груевски.

поврзани објави

Последни објави