3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Човекот што ја влечеше Шекеринска доби четири години казна затвор

Старецот Панче Ангелов кој на 27 април ја влечеше Радмила Шекеринска за коса доби затворска казна од четири години, пресуди Кривичниот суд. Судијката која одлучуваше, Џенета Бектовиќ појасни дека при одмерување на казната ги ценела сите олеснителни, но и отежителни околности напоменувајќи дека за ова кривично дело е предвидена затворска казна од три до десет години.

Како олеснителна околности на обвинетиот му се сметаше тоа што е во поодмината возраст, 65 години, и до сега не сторил ниту едно кривично дело.

Делото според неа, било извршено на дрзок начин, и тоа во највисокиот законодавен дом, врз Шекеринска и Заев кои во тој момент биле пратеници во Собранието на Република Македонија. Таа додаде дека целиот овој кривичен настан предизвикал страв и вознемиреност кај целокупното македонско население бидејќи настаните од 27 април беа пренесувани на речиси сите медиуми.

Обвинетиот Панче Ангелов сега има право оваа пресуда да ја обжали пред Апелациониот суд.

поврзани објави

Последни објави