3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Албанија го призна бугарското малцинство

 

Албанската влада ги призна бугарите за малцинство во Албанија, откако министерот за внатрешни работи Дитмир Башати ја промени својата позиција односно став, дека такво малцинство не постои во државата, соопштува албанското издание Albanian Daily News.

По историски докази, претставени од Бугарија, како и “притисокот“ од страна на членови на Парламентарната комисија, која гласаше во полза на закон, со цел да се зголеми статусот и правата на малцинствата во Албанија, по што албанската влада се реши да ја превземе мерката.

Во моментот во Албанија има девет признати малцински групи – македонци, власи, црногорци, срби, бошњаци, роми, и бугари, соопштуваат тамошните медиуми.

поврзани објави

Последни објави