Фудбалската селекција на САД остана без пласман на Светското првенство 2018. година бидејќи изгуби 2:1 од Панама ноќта вторник спрема среда.
На американците им беше доволно и реми односно нерешен резултат за да одат понатаму, но на крајот изгубија од 99. селекција на ФИФА според ранг листата. Сонот за пласман на Мундијалот во Русија можеби уште не е завршен бидејќи Американците веруваат дека ФИФА ќе се вмеша и ќе нареди дуелот Панама – Костарика да биде повторен. Споменатиот натпревар го обележи фантомскиот гол на домашната селекција со кој Панама стигна до изедначување, а во завршницата на натпреварот постигна уште гол за историски пласман на Мундијалот.
Во ова веруваат поради она што се случи во афричкиот дел на квалификациите. Таму ФИФА донесе одлука натпреварот Јужна Африка – Сенегал (2:1) да биде повторно одигран поради погрешна судијска одлука која недвосмислено влијаеше на конечниот резултат од натпреварот. Судијата од Гана е доживотно суспендиран бидејќи досуди пенал кој не постоеше.
Американците засега се надеваат дека ФИФА ќе го повлече истиот потег и дека ќе нареди дуелот меѓу Панама – Костарика да биде повторен. Доколку ФИФА повлече таков потег, ќе повлече голема бура и промени во фудбалскиот свет.
Панама во таков случај мора повторно да игра на победа за да го задржи своето место кое води директно до Мундијал, а евентуално реми или триумф на Костарика би значело дека Хондурас ќе оди директно на Светско првенство, а Америка во интерконтинентални бараж.