Најмалку 20 лица загинаа, а 15 се повредени по експлозија на камион бомба во центарот на престолнината на Сомалија, Могадишу.

Од полициските власти во Сомалија истакнуваат дека денешната експлозија е една од најсилните во изминатите неколку години.

Се уште никој не ја презел одговорноста, но познато е дека екстремичката група Ал Шабаб редовно извршува напади на територијата на Сомалија.










