Денес во затворот Идризово околу половина од затворениците не успеале да го остварат своето право на глас. Тие биле вратени од избирачкиот одбор со објаснување дека ги нема на избирачкиот список, или дека поседуваат неважечки документи.
Според директорот на затворот Јовица Стојановиќ се работи за затекната ситуација за која решение ќе се бара со Министерството за правда и МВР.
По објавувањето на оваа информација увид на лице место изврши и народниот правобранител.
„Речиси половина од затворениците немаат исправи, ги нема во избирачкиот список. Од 1.810 затвореници, право на глас имаат само 955. До 17 часот на гласање излегле 450, од кои 270 биле вратени“ изјави државниот советник во канцеларијата на Народниот правобранител, Зоран Билбиловски.