Европски шампион Вардар, денес на домашен терен го растури тимот на Барселона пред полните требини во СЦ „Јане Сандански“ со конечен резултат 27:24 (16:12).
Вардар имаше одлична игра во одбрана која беше клучна за победата. Искусниот голман од редовите на нашиот шампион, Арпад Штербик забележа вкупно 13 одбрани, што беше и дополнителен мотив за играта во напад, каде фантастично функционираа крилата и бековите.
Вардар лошо влезе во натпреварот со што и дозволи на Барселона да поведе со 1:3, но сепак Чупиќ и Шишкарев успеаја да го изедначат резултатот на 4:4, за потоа „црвено-црните“ да започнат со своето уништување на Барселона.
На стартот од вториот дел, двете фантастични интевенции на Штербик му овозможија на Вардар да одлепи и на највисоки плус шест (19:13).
Најдобар стрелец во редовите на Вардар беше Вуко Борозан со шест погодоци, додека веднаш зад него беше Македа со пет, Циндриќ и Дибиров со по четири.
Кај Барселона најефикасен беше Ривера со осум гола и Ентрериос со пет.