Најмалку четири лица загина, а уште две се повредени при пад на руски товарен авион „Антонов“. Инцидентот се случил во близу аеродромот во Брегот на Слоновата Коска.
Сите четири загинати лица се државјани на Молдавија, а повредените се Французи, пренесуваат полициските власти на оваа африканска република.
Авионот паднал непосредно по полетувањето, а се сруши многу близ до главниот град, Абиџа и се распадна на неколку делови.
Како што се информира, авионот бил изнајмен од француската војска и бил користен за потребите на анти-џихадиските операции во Буркина Фасо.