6.8 C
Skopje
вторник, октомври 28, 2025
spot_img

ДИК: Излезноста до 13 часот е 27,11 отсто

spot_img

Излезноста на гласањето на ниво на Република Македонија на денешните избори до 13 часот според податоците што ги соопшти Државната изборна комисија изнесува 27,11 отсто.

Во Скопје, како што соопшти портпаролката Љупка Гугучевска, изнесува 29,17 отсто.

Највисока излесноста била во Демир Капија, каде што правото на глас го оствариле 47,53 отсто од граѓаните со право на глас, а најниска била во Врапчиште – 15,17 отсто.

Од ДИК соопштија дека постојано заседаваат и ги решаваат пријавените неправилности.

Следната прес-конференција е закажана за 18 часот, кога ќе биде направен пресен на излезноста до 17 часот.

поврзани објави

         

Последни објави