7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Поразот е значителен, Груевски веднаш да си поднесе оставка

ВМРО ДПМНЕ треба и мора да се реформира – нашите пораки беа игнорирани, а Никола Груевски самоволно одлучи да ја однесе партијата во овој срамен пораз. ВМРО низ историја поминувало низ многу победи и порази. Сакаме да испратиме порака до сите наши членови: Секој крај е знак за нов почеток. ВМРО ДПМНЕ ќе се реформира и ќе биде повторно силна политичка партија. Ги повикуваме сите членови, од сите структури, сите функционери на ВМРО ДПМНЕ масовно да се приклучат кон инциијативата за реформи во ВМРО ДПМНЕ. Го повикуваме Никола Груевски да си поднесе оставка како претседател на ВМРО ДПМНЕ и да овозможи низ еден демократски процес членовите да изберат нов лидер. Упатуваме порака и до СДСМ на воздржаност и без реваншизам кон членовите на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ како политичка партија ќе се реформира и ќе биде носител на политичкиот консензус. ВМРО ДПМНЕ ќе чекори кон патот на слободата и ќе придонесе во процесот за развој на Република Македонија, истакнаа на вечерашната прес конференција реформаторите од ВМРО ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави