Регулаторната комисија за енергетика соопштува дека малопродажните цени на еуросупер БС-95, на еуродизел (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечерва на полноќ се намалуваат за 0,5 денари по литар.
Новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 63,00 ден за литар, на еуродизел (Д-Е V) 51,00 денари за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 39,50 денари за литар.
Цената на бензинот еуросупер БС-98 останува 65,00 денари за литар.
За 0,421 денари поскапува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 26,287 денари.
Извор: Денар