2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„И јас сум за реформи“

Станувам сабајле и се уклучувам на фејсбук, и оддеднаш еден куп пораки, од искрени и чесни ВМРО-вци, но пред се совесни, велат: “И јас сум за реформи”, “Продолжете така, ја имате нашата поддршка” и уште многу други различни пораки.
Бараат средби со претставници на иницијативата за реформи во ВМРО ДПМНЕ, бараат да потпишат декларации.., останав без зборови додека ги читав, одеднаш почуствував дека сме на вистинскиот пат…

Денес ширум Македонија, масовно се потпишуваа декларации за реформи во ВМРО ДПМНЕ, денес ВМРО-вците го кренаа својот глас против севернокорејското раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Радувај се ВМРО, идат подобри денови за тебе, за Македонија!

Браќа и сестри, без разлика на различните ставови, Ве повикуваме уште помасовно да се обединиме за доброто на ВМРО ДПМНЕ!

Биди и ти дел од иницијативата за реформи во ВМРО ДПМНЕ!

#РЕФОРМИ #ВМРО

Пишува: Петар Дељановски

поврзани објави

Последни објави