Во кратко соопштение до јавноста СДСМ официјално ги определи минатите локални избори како „фер и слободни“ и ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот на изборите. Ви го пренесуваме во целост партиското соопштение:
Во Република Македонија после долг период за првпат имаше фер, регуларни и слободни избори на кои граѓаните гласаа по сопствено убедување и без притисоци.
Резултатите покажаа како изгледа Македонија кога граѓаните гласаат слободно и кога целосно се почитува нивната избирачка волја.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се одважи, да им честита на граѓаните за мирните и фер избори и да го признае изборниот пораз. Надлежните институции постапуваат согласно надлежностите и во интерес на сите граѓани. Токму брзата реакција на институциите придонесе за навремено и ефикасно расчистување на малиот број инциденти.