11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Сириските демократски сили презедоа контрола врз Рака

Сириските демократски сили (СДС), составени од курдски и арапски бунтовници, во целост ја презедоа контролата од „Исламска држава“ и во целост го зазедоа сирискиот град Рака.

Овие сили, со поддршка на меѓународните сили поддржани од САД, се борат против ИД во Рака од јуни, годинава.

Очевидец тврди дека освен спорадични истрели, борбата е завршена. Борците од Сириските демократски сили ја прославуваат победата на улиците, истакнуваат транспаренти од нивни возила и го кренаа знамето на стадионот во Рака.

Портпаролот на СДС Мусафа Бали изјави дека во борбите за освојување на градската болница убиени се 22 терористи од ИД и оти има уште мал број милитанти кои одбиваат да се предадат.

„Падот на градот Рака, каде што „Исламската држава“ организираше еуфорични паради по својата низа молскави победи во 2014 година, е моќен симбол на уривањето на џихадистичкото движење“, коментираат западните медиуми.

Извор: А1 Он

поврзани објави

Последни објави