Ако се следи планот на германската канцеларка, Анегла Меркел следната година ќе им требаат 200.000 луѓе, а половина од нив ќе бидат од Балканот.
Ова е голем проблем за БиХ, затоа што им заминуваат младите кадри, а странските инвеститори од Швајцарија и Австрија кои отвораат компании даваат многу помали плати од тамошните.
Властите велат дека мора да се создаде амбиент и луѓето да почнат да веруваат во државата.
Засега повеќе веруваат во она што се нуди во Австрија и Германија.
На овие земји им се потребни кадри за во индустријата.
Во БиХ велат дека ако не направат стратегија, ќе имаат проблеми во иднина.
Извор: Фактор