Во соседна Србија пред неколку дена се случувала вистинска драма, а причината за тоа било 12-годишно момче.
Малолетникот украл паркиран автобус во Ниш и го возел цели 6 километри додека не го фатила полицијата која во негова потера била вклучена со 10 единици. Интересно автобусот не бил оштетен иако поминал на два семафори и два кружни тека кои се доста фрекфентни.
Сите со чудење гледале како малото дете успеало и го возело автобусот без никакво претходно познавање или пак возачка дозвола. Надлежните на крај останале шокирани кога дознале кои се вистинските причини за ова што го направил.
Имено малиот имал животна желба да вози автобус, па откако го зел се упатил кон дедо му за да се пофали дека успеал.