Во текот на минатиот ден, по претходна пријава на автопатот Куманово-Граничен премин “Табановце“ на место викано „Костурник“ биле уапсени 15 мигранти.
Полициски службеници од Полицска станица за Граничен надзор Сопот забележале дека застанало возило од кое излегле 15 лица-мигранти (од кои четири лица од Индија, три лица од Авганистан и осум лица од Пакистан), а возачот со возилото се дал во бегство.
Мигрантите биле сместени во Прифатниот центар-Гевгелија, а се бара и понатаму по возачот.