4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сами ги признаа штетите од нивното 11 годишно криминално владеење

Владеачката партија СДСМ во своето најново соопштение до јавноста истакнува дека ВМРО-ДПМНЕ сама ги признала сите штети што се направени за време на нејзиното 11 годишно владеење. Во соопштението на СДСМ се кажува уште дека, „времето кога парите на граѓаните се трошеа на луксуз и криминални интереси на Никола Груевски, додека граѓаните и државата тонеа во долгови и сиромаштија, заврши. Граѓаните на фер слободни и демократски избори, слободно и по сопствена волја ставија крај на 12 и пол годишното криминално, расипничко и неспособно владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво“. Од владеачката партија подвлекуваат дека животот доаѓа во Македонија. „Владата предводена од СДСМ продолжува да работи одговорно и отчетно и да ги спроведува мерките што се во интерес на граѓаните и што носат живот за сите. Економијата заживува, платите и пензиите растат, решени се децениски проблеми на различни категории граѓани, се намалуваат трошоците за живот и се повеќе пари се враќаат назад во семејните буџети“. се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави