6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Унапредување на економска соработка помеѓу Македонија и Шпанија

Денес, министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании, Зоран Шапуриќ, оствари работна средба со амбасадорот на кралството Шпанија, Емилио Лорензо Серра, и директорката на регионалната канцеларија за економски прашања на Шпанија, Ева Поведано Морено.

На средбата се зборуваше за унапредување на економската соработка помеѓу Македонија и Шпанија. Од страна на амбасадорот Лорензо и директорката Морено беше искажан интерес за испитување на можностите за поголемо поврзување на македонските и шпанските компании во областа на производство на земјоделски производи и прехрамбена индустрија, градежништво, туризам и хотелиерство, и менаџирање со отпад и третман на отпадни води.

Директорката Морено го информираше министерот Шапуриќ за иницијативата за организирање на економски панели во Шпанија на кои би се презентирале можностите за соработка помеѓу македонските и шпанските компании.

Министерот Шапуриќ, ги запозна амбасадорот Лорензо и доректорката Морено, со активностите на Владата за приближување на Македонија кон Европската Унија и НАТО, на што амбасадорот Емилио Лорензо изрази задоволство од враќање на Македонија кон евро-атланските интеграции, и упати честитки кон граѓаните и Владата на Република Македонија за успешно одржаните фер и демократски локални избори, според високите стандарди на ЕУ.

поврзани објави

Последни објави