6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Андреј Ковачев е новиот заменик претседател на ЕНП

Бугарскиот европратеникот Андреј Ковачев е избран за заменик претседател на Европската народна партија (ЕНП).  Ковачев ја доби новата функција со 97 гласа од страна на членовите на ЕНП, додека неговиот противкандидат Едуард Кукан од Словачка доби 57 гласа.

„Овој избор е признание како за работата на целата бугарска делегација во Групата на ЕНП, така и за Бугарија! Продолжуванме да ги опстојуваме нашите вредности, Групата на ЕНП во ЕП ќе продолжи да работи и во ЕУ, и во нашето соседство за демократизација, безбедност, владеење на правото и европска интеграција“, рече Андреј Ковачев по неговиот избор.

Досега функцијата заменик претседател на ЕНП ја обавуваше Марија Габриел, која од летото ќе биде именувана за бугарски европски комесар. Андреј Ковачев исто така е дел од претседателството на Европскиот парламент како претставник на конзерваторите во институцијата.

поврзани објави

Последни објави