1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

ДУИ и ДПА здружени прови БЕСА и АнА во Тетово и Студеничани

Партиите на ДУИ и ДПА немаат постигнато формален договор за коалиција во вториот круг на локалните избори, но поради меѓусебната поддршка на нивните најголеми ривали, БЕСА и АнА, Тачи и Ахмети постигнале договор за соработка во Тетово и Студеничани, дознава Фокус од извори блиски до ДУИ.

Имено кандидатот за градоначалник на Тетово од редовите на ДУИ, Теута Арифи трча за втор мандат, а иста ситуација е и кај нејзиниот колека од ДПА во Студеничани, Азем Садику, каде во втор круг ќе се соочат со Биљал Касами од БЕСА во Тетово, односно Реџеп Мемеди во Студеничани.

„Членови на ДПА, кои во значителен број останаа во Тетово, ќе гласаат за Арифи поради тоа што Касами склучи пакт со Села, а ние ќе го поддржиме кандидатот на ДПА во Студеничани, бидејќи неговиот пртоивкандидат доаѓа од БЕСА“, изјавил висок функционер на ДУИ за ФОКУС.

поврзани објави

Последни објави