Поранешниот претседател на САД Барак Обама го користел црвениот телефон на своето биро, за да … нарачува чај за своите гости. Тоа го открива во својата автобиографија британскиот милијардер, сопственикот на „Вирџин“ Ричард Брансон.
“Бевме во кабинетот на Обама и пред да си заминеме, го забележав црвениот телефон на неговото биро. Обама забележа дека гледам кон телефонот и рече: “Претходно слични телефони се користеле за вонредни ситуации, но сега гo користам за да порачувам чај на моите гости“, раскажува Бренсън во својата книга Finding my Virginity. Неговите зборови се цитирани во весникот „Washington Examiner“.