0.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Грчката полиција го потврди апсењето на Грујовски и Бошковски во Солун

Откако доцна синоќа во јавноста претече информацијата дека грчката полиција во Солун ги уапсила Горан Грујовски, сега стигна и потврда од грчото МВР преку официјално соопштение.

„Од полицајците од секторот за безбедност на меѓународниот аеродром во Солун, на ден 18.10.2017г беа уапсени двајца странци на 51 и 35 годишна возраст, кои беа фатени со фалсификат патнички исправи. Од понатамошната истрага на полицијата произлезе дека за нив била издадена црвена потерница од Интерпол за кривични дела формирање криминална организација и за кривични дела со висока технологија извршени во ФИРОМ. Уапсените ќе бидат изведени пред надлежните органи“, стои во соопштението на грчката полиција.

Се очекува откако ќе бидат изведени пред грчките обвинители, да бидат задржани во затвор се додека не се одлучи за нивна екстрадиција во Македонија, а процесот може да потреае и неколку месеци.

поврзани објави

Последни објави